Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

АХВ ги чека резултатите од мострите по труењето во дом за стари во Берово

Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ ) ги чека резулататите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ ) ги чека резулататите од земените мостри од контролните оброци и брисевите од работните површини земени во рамки на вонредната инспекциска контрола која во саботата ја спроведе АХВ во соработка со Центарот за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Контролата е споведена по добиена пријава од Центарот за јавно здравје во саботата, за сомнеж за труење со храна во дом за стари лица во Берово, за кој 8 штитеници и 6 вработени лица, симптоми појавиле уште во почетокот на неделата.

По спроведената контрола превентивно затворена е кујната во домот за стари лица се до добивање на резултати од лабораториските тестирања на земените мостри храна и брисевите од работните површини, наредено е спроведување на вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, а спровердени се и вонредни здравствени прегледи на вработените.