Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Во пресрет на локалните избори, водство од 5 спрема 1 на ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ

Добрите економски политики, безбедноста на граѓаните, квалитетното образование, грижата за земјоделците, влогот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добрите економски политики, безбедноста на граѓаните, квалитетното образование, грижата за земјоделците, влогот во енергетиката, дигитализацијата, се дел од чекорите кои ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните тоа го препознаваат и даваат поддршка, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Во вчерашната анкета на МКД.мк, спроведена од 20 јуни до 4 јули, се гледа јасна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, или во бројки разлика од 5 спрема 1.

Граѓаните даваат апсолутно поддршка на ВМРО-ДПМНЕ од 23,8%, додека пак за СДСМ само 5,1%. Дополнително, од сите оние кои се изјасниле дека ќе гласаат на наредните избори, бројката се искачува на 52,8%, додека пак за СДСМ би гласале 11,3%.

Реклама

Во однос на тоа на кој политичар најмногу му веруваат, граѓаните односно 26,9% се изјасниле дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е човек на кого треба најмногу да му се верува. Нашиот најголем опонент, односно претседателот на СДСМ, Филипче има рејтинг од само 4,7%, или скоро 7 спрема 1“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кај граѓаните се зголемила довербата дека државата оди во правилна насока, што ни дава поттик да работиме и градиме повеќе во нивен интерес.

Ние нема да се опуштиме на овие бројки, туку напротив оваа поддршка на граѓаните за нас е одговорност да работиме уште повеќе и да ги градиме темелите на промените“, соопшто ВМРО-ДПМНЕ.