Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Балкан

🎥 Мицкоски за обвинувањата на СДСМ: Распродадоа од знаме до име, а сега нам ни судат

Македонија уште посилно и попосветено ќе работи на домашните реформи за влез…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија уште посилно и попосветено ќе работи на домашните реформи за влез во Европската Унија.Ќе докажеме дека дома сме најдобриот ученик во одделението и да бидеме поскаувани во европското семејство, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Негирањето на македонскиот идентитет и јазик од страна на Бугарија е преседан и не е европска вредност оценува тој, по усвојувањето на извештајот за напредокот на Македонија, од којшто беа изоставени референците за македонскиот идентитет и јазик.

“Ова беше преседан, архитектура што се обидува да ја создаде една земја членка на ЕУ и тоа секако влијае врз имиџот на Унијата. Обидот беше целосно преименувуање на македонскиот идентитет и јазик од некои европратеници кои со своето неодговорно однесување се обидоа да го додефинираат како „модерен“. Тоа не успеа зашто мнозинството европратеници ја прочитаа немерата, но успеа бришењето од Извештајот на македонскиот идентитет и јазик, она што беше усвоено на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ)” рече премиерот Христијан Мицкоски.

Реклама

Лидерот на опозициската СДСМ – Венко Филипче, ја обвини Владата, дека таа, ги злоупотребила македонскиот јазик и идентитет, за свои политички цели.. Според него, СДСМ и оставила на Владата – јасни позиции, кои, поради лошиот дипломатски пристап, биле нарушени..јазикот и иднтитетот, според Филипче, биле јасно дефинирани и заштитени во ЕУ.

„Вадењето на јазикот од извештајот е пораз на владната дипломатија која не успеа да подобри ништо од позициите кои ги наследи, туку како со булдожер ги сруши. Ги срушија нашите европски перспективи и го изложија нашиот народ на потсмев, правејќи го целосен губитник. За една година Македонија ја изгуби довербата кај стратешките партнери, што е единствено вина на оваа власт. Ветуваа гордост, добивме понижување“, рече Венко Филипче, претседател на СДСМ.

СДСМ нема, какво било морално право, да ја критикува Владата, во нејзината борба, за – заштита, на македонскиот јазик и идентитет..премиерот Мицкоски, му одговори на Филипче, и го потсети, дека неговата партија, распродала се, што е со македонски национален предзнак.

“Многу е поважно што Европа, светот и македонските граѓани видоа дека Договорот од 2022 година, прифаќањето на тогашниот Предлог, не е само лесна промена и интервенција во Преамбулата и внесување на дел од бугарското малцинство, туку проблемот е многу посуштински, а тоа е негирање на идентитет и јазик на еден од најмалубројниоте народи во Европа од страна на Бугарија. Тоа за мене е чин без преседан и е се, само не е европска вредност” изјави Мицкоски.

Мицкоски останува на ставот дека сите партии во земјава треба да бидат обединети кога станува збор за државните интереси.

Европскиот парламент вчера го усвои извештајот за Македонија од европратеникот Томас Вајц, но притоа од текстот отпадна македонскиот јазик и идентитет откако беа прифатени амандманите на бугарските европратеници.