Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДСM се сити на пожарите, постојано се подметнуваат пожари, а СДСM шири политички хаос и прави политички маркетинг

Во СДСМ ништо не се менува, СДСМ продолжува со истата политичката матрица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во СДСМ ништо не се менува, СДСМ продолжува со истата политичката матрица секогаш кога има национална трагедија или природна катастрофа да се обидат да ќарат политички поен плус.

СДСМ ликува на пожарите, додека некој постојано подметнува пожари низ државата СДСМ се сити низ соопштенија.

СДСМ заборава дека додека Македонија гореше во минатото Заев се сончаше на плажите низ Грција. За разлика од минатото сега веднаш се превземаат дејствија, има брз, навремен и ефикасен одговор за справување со пожарите.

Реклама

Додека се пометнуваат пожари низ државата СДСМ злоупотребува природни катастрофи мислејќи дека на тој начин ќе добијат политички поен плус.

Дека намерно се подметнуваат пожари доказ е и пожарот во атарот на Чучер Сандево каде се пронајдени палети потопени во бензин, и постои сомнеж дека слични подметнувања со цел разгорување се направени и на други места ширум државата.

Поразувачки е како некој може да помисли да прави штети врз природата и да ја загрозува животна средина а со тоа и човечките животи. Неразбирливо и несфатливо е како СДСМ се радува и ликува на сето тоа и не пропушта можност да ја искористи ситуацијата за политичка кампања.

Време е СДСМ да престане да ги злоупотребува природните катастрофи и националните трагедии.