Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

🎥 Паднаа маските во Европскиот Парламент: Извештајот за Македонија помина без „македонски јазик и идентитет“

Со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, Европскиот парламент го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, Европскиот парламент го усвои Извештајот Македонија, без формулациите македонски јазик и македонски идентитет. Бугарија успеа во својата мисија, во срцето на Европа да го оспори нашиот национален идентитет, а најголем дел од европратениците го дозволија тоа. Амандманот со ко се избриша реченицата „целосно почитувајќи го македонскиот јазик и идентитет“ беше усвоен, додека пак, амандманот на Бугарите, пред формулацијата „македонски јазик“ да стои „привремен“, беше одбиен.

Известувачот за земјава во Европскиот парламент, австрискиот европратеник Томас Вајц, по гласањето изјави дека некои бугарски европратеници го киднапирале извештајот за домашни политички цели.

Како известувач, неуморно работев за добро избалансиран и непристрасен извештај за демократскиот напредок на оваа земја. За жал, некои бугарски европратеници го искористија извештајот за домашни цели, рече Вајц.

Реклама

На гласањето во ЕП, му претходеше жестока и бурна дебата. Контроверзни настапи на грчки и бугарски европратеници, поддршка од Словенија, Романија, Австрија, Холандија. Бугарите, очекувано го негираа македонскиот идентитет и постоењето на македонската нација.

Вметнувањето на Бугарите во сите релевантни делови од Уставот, почитување на договорот со Бугарија од 2017-та и преговарачката рамка, нема да го нарушат вашиот идентитет. Секое пролонгирање на реформите за членство ќе го направи токму тоа, изјави Ивајло Валчев-европратеник од Бугарија.

Грчката европратеничка Афродити Латинопули порача дека била „вистинска горда Македонка“, за разлика од како што рече „лажните жители на Скопје“ -отворено поддржувајќи ги бугарските позиции.

Денеска јас ќе говорам како Македонка бидејќи сум горда Македонка. Вистинска, не лажна како резидентите во Скопје. Тие се срамат да кажат она што се. Дојдовме до точка каде честа на Македонија и Грција ја бранат Бугарите. Нивната реакција е коректна, бидејќи тие знаат дека моменталниот јазик во Скопје е бугарски дијалект, рече Латинопули.

Највпечатлив беше настапот на Ирена Јовева, европратеничка од Словенија со македонско потекло. Од говорницата на Европскиот парламент, директно им се обрати на бугарските колеги на македонски јазик.

За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на вас, за да го признаете тоа, ви треба чесност, интегритет и храброст, рече Јовева.

Меѓу европратениците кои упатија силна поддршка беа и Матеј Тонин од Словенија, Тијс Ројтен од Холандија, Андреас Шидер од Австрија…. иако доаѓаат од различни политички групи, ставот им беше ист – порачаа дека напорите и реформите на земјава мора да бидат признати, а патот кон членството да се одвива врз основа на заслуги. Тие се согласија дека билатералните прашања, како бугарско-македонскиот спор, не треба да бидат пречка за процесот на проширување, и дека македонскиот јазик и идентитет се реалност што треба да се почитува.

Извештајот содржи препораки за натамошен напредок во владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформата на јавната администрација и зајакнување на демократијата.