Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Јаневска: Образованието ќе продолжи со исто темпо а резултатите ќе бидат значајно видливи во иднина

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ гостуваше министерката за образование Весна Јаневска која дискутираше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ гостуваше министерката за образование Весна Јаневска која дискутираше за реформите и промените во образованието во изминатиот период.

На самиот почеток Јаневска објасни дека се изградени нови училишта, спортски сали, донесени се нови седум законски решенија, меѓу кои во план се вклучувањето на вештини преку разни форми на образование кои ќе одговараат на пазарот на трудот со цел по завршувањето на образованието младите да останат во државата.

„Изградивме околу седум нови објекти, околу 20-тина се во реконструкција, продолжуваме да градиме спортски сали, донесовме седум нови законски решенија, во план се неколку закони за да го потсредиме и високото образование бидејќи сегашните закони се недоискажани, неусогласени. Работиме истовремено на сите нив и сосема сме при крај. Да вклучиме вештини на студентите преку разни форми на образование кои ќе одговараат на пазарот на труд, што значи и средношколците и студентите кои ќе го завршат своето образование да можат да се најдат на пазарот на труд, да не мора да бараат работа во странство или подобри услови за работа во странство“, истакна Јаневска.

Реклама

Министерката потенцираше дека платите во основното, средното и високото образование се покачени и тоа во високото околу 14%, во средното околу 12% но со потпишана спогодба дека за четири години ќе добијат покачување од 60%.

„Она што е исклучително многу значајно, наставниците добија покачување на платата и во основното, средното и во високото образование, во високото околу 14%, во основното и средното повеќе од 12% но со потпишана спогодба дека во овие четири години ќе добијат покачување на платата од 60%“, рече Јаневска.

Јаневска наброи дел од проектите за студентите и потенцираше дека проширен е опсегот за конкурирање за постдипломски студии, проширен е опсегот за студентски оброк, два студентски дома се очекува да бидат готови а третиот започнува со реновирање.

„Студентите добија погодности во нивните студирања, излеговме во пресрет на нивните барања, го проширивме опсегот на оние кои можат да конкурираат за постдипломски студии, скративме некои процедури, го проширивме опсегот за студентски оброк, веќе кажавте дека два дома годинава очекуваме да бидат завршени, почнуваме со третиот дом. Сме направиле многу нешта за кои јас и понатаму верувам дека не се доволно, но ќе продолжиме со исто темпо и резултатот ќе биде значајно видлив во иднина“, децидна е Јаневска.