Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

УНЕСКО со сериозни критики: Охридскиот регион под закана да го изгуби статусот на заштитено богатство

Охридскиот регион е повторно под сериозна закана да биде впишан на Листата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охридскиот регион е повторно под сериозна закана да биде впишан на Листата на светски природни и културни богатства кои се во опасност, се наведува во нацрт-документот усвоен од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО што се одржува во Париз.

Во документот се изразува сериозна загриженост поради продолжената деградација на уникатните вредности на регионот, кои се основа за неговиот статус на заштитено наследство. Се констатира дека препораките од мониторинг мисија спроведена минатата година не се имплементирани и дека државата, институциите и локалните власти покажале несоодветен однос кон заштитата на природното и културното наследство во регионот.

Инаку, се бара суспендирање на измените на деталните урбанистички планови, изработка на генерален урбанистички план за Охрид и Струга, изработка на стратешка еколошка проценка и систематска проценка на негативното влијание на нелегалните градби, со одлуки за нивно отстранување или ублажување на последиците.

Реклама

Особено се истакнува потребата од итна забрана за понатамошни градежни активности околу Студенчишкото Блато и хотелскиот комплекс „Горица 3“, сè додека не се спроведат детални проценки на влијанието.