Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Започнува рехабилитацијата на втората група од околу 44 млади луѓе повредени од Кочани во одмаралиштето на Пониква

Од денеска во одмаралиштето на МВР на Пониква, со рехабилитација започнува втората…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска во одмаралиштето на МВР на Пониква, со рехабилитација започнува втората група од околу 44 млади луѓе кои беа повредени во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во наредните две недели за нив ќе се грижат специјалисти од Клиниката за пластична хирургија од Скопје, физијатри и физиотерапевти од Кочани и Штип, а истовремено со нив ќе работат и психолози. Освен групни, предвидени се и индивидуални терапии.

Според директорката на Кочанската болница, д-р Катерина Мирчовска, престојот на планина им годи на младите луѓе, а тоа позитивно влијае на нивната рехабилитација. Закрепнувањето оди добро и кај поголем дел од пациентите веќе се враќа моториката на екстремитетите.

Реклама

Претходно на Пониква, двонеделна рехабилитација поминаа 45 млади луѓе, а веќе се прави список и за трета група.