Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

🎥 Пред утрешното гласање во европскиот парламент, се појавуваат се повеќе анти-македонски амандмани

Бришење на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“, промена на формулацијата „македонска влада“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бришење на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“, промена на формулацијата „македонска влада“ во „Влада на Република Северна Македонија“, да се вметнат протоколите потпишани помеѓу Скопје и Софија – европратениците денеска дебатираат за контроверзниот Извештај за Македонија. Во време кога ЕУ тврди дека се залага за човекови права, културна разноликост и почитување на националните идентитети, обидите за интервенција во извештајот се опасен преседан за европската демократија.

Политичките авантури на Османи, Ковачевски и Маричиќ доживуваат кулминација – Македонија повторно се соочува со сериозни предизвици на патот кон ЕУ – сервилноста на претходната власт го доведе во прашање нашиот национален идентитет. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова остро реагираше. Според неа, овие амандмани се уште еден доказ дека во ЕУ постои сериозен проблем со демократијата.

„Не сум шокирана, но сум разочарана. Овие амандмани не се случајни. Во Европскиот парламент има и луѓе кои се против самата ЕУ. Затоа е важно да се држиме до европските вредности, особено кога станува збор за земји како нашата што сакаат да станат дел од Унијата“, рече Сиљановска.

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски жали што одредени европратеници бришат идентитет на мал народ во Европа, но верува дека има голем број на пратеници кои нема да ги поддржат овие понижувачки амандмани.

Жалосно е што во 21 век има пратеници што сакаат да го избришат јазикот и идентитетот на еден мал, но достоинствен народ. Но, добро е што многу други веќе кажаа дека нема да ги поддржат тие амандмани. Европскиот Парламент треба да биде лулка на демократијата, каде што ќе се почитуват човековите права, идентитетот на еден малуброен народ во Европа, неговиот мајчин јазик нема да биде предмет на сопнување, но ете за жал постојат и такви луѓе. Но, она кое што е важно е дека онаа авантура во 2022 година, пред сè инспирирана од Бујар Османи, а поддржана од политички незнајковци како што се Ковачевски и Маричиќ, ете ја добива својата кулминација и граѓаните можат да видат за што станува збор, рече премиерот

Пред почетокот на пленарната сесија во ЕП, поднесени беа 28 амандмани за Извештајот за Македонија. Европратеници од Европската народна партија, редовите на социјалистите и од либералната групација бараат од извештајот целосно да се отстранат фразите македонски јазик и идентитет.

Покрај тоа, групата европратеници од левицата поднесе амандман со кој бара официјалната формулација во документот да биде „Влада на Република Северна Македонија“, наместо „македонска влада“, со што се потенцира државното име по Преспанскиот договор.

Во меѓувреме, бугарските европратеници не отстапуваат од своите барања. Повторно поднесоа амандман во кој се инсистира Протоколот меѓу Скопје и Софија да стане дел од извештајот за напредокот на земјата. Со тоа, се обидуваат билатералните прашања да ги претворат во услови за европска интеграција. Сите амандмани ќе бидат ставени на гласање утре, кога Европскиот парламент ќе се изјасни за Извештајот.