Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во кадровска криза, никој не им се нафаќа за кандидати за градоначалници, па одат со имиња кои веќе еднаш загубија на избори

СДСМ е во голема кадровска криза. Никој не им се нафаќа да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ е во голема кадровска криза. Никој не им се нафаќа да изгуби, па на локалните избори одат со кадри кои веќе еднаш загубија на избори, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ со тоа ги потценува гласачите. Таков е примерот со Општината Јегуновце каде веќе еднаш има пораз на изборите, Дарко Блажевски, и сега повторно го кандидираат за избори. Филипче неуспешно ги рециклира кадрите на Заев. Очигледно е дека според ова пораката која што СДСМ ја испраќа воопшто не им е грижа за граѓаните, туку Филипче само го исполнува интересот на Заев. Веќе еднаш поразениот градоначалник, Дарко Блажевски, не само што не направи ништо за општината туку културниот дом во Јегуновце кој го ветуваше од 50 илјади евра, на крај преку приватизација го презеде во своја сопственост. Човекот си откупи културен дом додека управува со општината. Тој е единствениот човек кој има затворено Јавно претпријатие, и токму тој е номиниран од страна на СДСМ. Истиот Блажевски, вети канализација во населеното мето Јанчиште, вети вода за жителите во Жилче, и ништо не реализира, за да овие проекти ги исполни градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ кој го наследи неговото управување со општината. Вакви се кандидатите на СДСМ. Ниту имаат нови кандидати, ниту се реформирани, а веќе и немаат други на кои би можеле да сметаат, бидејќи народот јасно покажа дека сака вистински промени, кои СДСМ не може да ги понуди. Народот веќе не е на нивна страна и не дозволува да биде изманипулиран, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е синоним за неспособност, криминал и предавства, Во СДСМ ништо ново, и по Заев, Заев, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.