Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Јани: Значаен чекор во унапредувањето на односите кој потврдува дека ние Македонците не сме заборавени

-Посетата на Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи, Панче Тошковски, министер за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Посетата на Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи претставува голема чест за нас Македонците, значаен чекор во унапредувањето на односите и потврдува дека ние Македонците не сме заборавени, објави Панди Јани на Фејсбук.

Додава дека за време на посетата, министрите се запознале со состојбата и животот на македонската заедница во Албанија а разгледале културно-историски знаменитости во областа, која, распослана покрај Преспанското Езеро, изобилува и со  многу природни убавини.

Покрај другото ја посетиле и црквата „Свети Архангел Михаил” каде имале срдечна средба со парохискиот намесник отец Алексо Темелко.

Реклама

Исто така, присуствуваа и на настани организирани во рамки на јубилејното 20-то издание на манифестацијата „Македонско Културното лето” што се одржува во Пустец, со што дадоа силна поддршка на зачувувањето на македонскиот идентитет, традиција и јазик”.

Во име на Македонците тој изразува длабока благодарност за нивното присуство и внимание, како и за понатамошната поддршка и соработка во иднина.