Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Генералните директори на ФЗО ќе информираат за постигнатите резултати во изминатата година

Генералните директори на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералните директори на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов денеска ќе одржат брифинг со новинарите, посветен на ретроспектива на постигнатите резултати и реформски чекори во изминатата година од нивното именување на функцијата.

Како што информираат од ФЗО, во фокусот на брифингот ќе бидат: клучните системски промени во работата на Фондот; подобрениот пристап и достапност до здравствени услуги и иновативни терапии; зголемената транспарентност и отчетност во управувањето со јавните средства; зголемувањето на буџетите на јавните здравствени установи за 2025 година со цел унапредување на здравствените капацитети и услуги и стратешките партнерства и дигитални иницијативи во интерес на осигурениците.

Од ФЗО посочуваат дека настанот претставува можност за целосен увид во резултатите, процесите и визијата за натамошен развој на Фондот како стожер институција во здравствениот систем.