Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Со полициска придружба во две возила: Предметот „Пулс“ се транспортира до Кривичниот суд Скопје

Со два автомобилa и полициска придружба од Основниот суд во Кочани се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со два автомобилa и полициска придружба од Основниот суд во Кочани се врши транспортот на предметот за пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани, во која животите ги загубија 62 лица, а над 200 беа повредени. Претседателот на Апелациониот суд-Штип, Тони Делев информира дека транспортот е во тек.

-Од Основниот суд во Кочани заедно со сите списи и докази, коишто се приложени се носат во Основниот Кривичен суд Скопје, согласно одлуката на Врховниот суд на Македонија и таму ќе биде предаден на службите за понатамошна постапка, вели Делев.

Во изјавата посочува дека станува збор за обемен материјал, а доказниот материјал е сместен во две возила.

Реклама

– Понатаму ќе одлучува Основниот Кривичен суд Скопје, ќе се оценува актот, веројатно тука ќе има приговори, ќе се спроведе цела постапка како што предвидува Законот, рече Делев.

Инаку, во истражната постапка за предметот „Пулс“ беа ангажирани сите судии во Основниот суд во Кочани, еден од Виница, тројца судии од Основниот суд во Штип и сите судии од штипска Апелација за за жалбените постапки и решенијата за притвор. Во овој предмет опфатени се 34 лица и три правни субјекти.