Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

ААВМУ ги осуди заканите на градоначалникот Костадинов кон новинарот Латас

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги осуди заканите упатени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги осуди заканите упатени кон новинарот Драган Павловиќ Латас од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, објавени на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Во соопштението ААВМУ потсетува дека политичарите и носителите на јавни функции имаат обврска да бидат пример за достоинствена и одговорна комуникација.

Агенцијата предупреди дека изјави кои поттикнуваат омраза можат да имаат сериозни последици и да доведат до дела мотивирани од омраза.

Реклама

-Апелираме да се почитува слободата на медиумите и новинарите. Доколку политичарите имаат забелешки на медиумските содржини, постојат институционални механизми преку кои можат да реагираат, се наведува во соопштението на ААВМУ.

Случајот се однесува на објава на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на „Фејсбук“, во која тој упатува закани кон новинарот Драган Павловиќ Латас.

Причината за реакцијата на Костадинов е поврзана со изјава на Латас во која тој го споменува таткото на Костадинов.