Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Скопје ќе биде домаќин на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан

Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан посветен на Планот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан посветен на Планот за раст. Според агендата, на иста маса ќе седнат голем дел од лидерите во регионот а ќе присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Владата информира дека во фокус ќе бидат прашањата поврзани со реформите за обезбедување европско финансирање и заштита на потрошувачите. Лидерската ќе се одржи во понеделник и вторник, првиот ден ќе има два панела од кои првиот ќе биде посветен на Планот за раст. Вториот панел ќе биде посветен на конкретните механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст и на него ќе учествуваат министри, претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни партнери.

Од Европската комисија велат дека, оваа лидерска ќе биде можност да се разговара за соработка меѓу земјите во области како што се заштитата на потрошувачите, туризмот и единствениот регионален пазар, со цел на унапредување на економската интеграција на Западниот Балкан во единствениот пазар на ЕУ.

Реклама

Комисијата ќе предложи инвестиции од 87,7 милиони евра во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан. Се очекува ова да привлече речиси половина милијарда евра приватни инвестиции во регионални проекти за чиста енергија.

-Планот за раст на Западен Балкан е вреден 6 милијарди евра и има за цел да ја поттикне економијата и да им помогне на шесте земји да се приклучат кон ЕУ. Планот финансира реформи и инвестиции во енергетиката, транспортот и дигиталната транзиција, објаснуваат од ЕК.

Покрај премиерот Мицкоски, на лидерската се очекува да присуствуваат и премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.