Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Јаневска: Од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит во „Георги Димитров“, 50 проценти не положија

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница информираше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница информираше дека од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит за да се запишат во гимназијата „Георги Димитров“, половина од нив не го положиле испитот што според неа е резултат на досегашната пракса да се пишуваат оценки кои не соодветствуваат со знаењето на ученикот.

-Можеме со измена во законот, како што ние рековме, наставнички совет да нема право да поправа оценки. Завчера во „Георги Димитров“ полагаа 75 ученици со сите петки, а 50 проценти не го положија испитот. Нема повеќе поправање на оценки на наставнички совет. Ако сака ученикот да поправи оценка, ќе си дојде заедно со родителот и ќе полага пред комисија, а не со кренање рака на наставнички совет затоа што родителот ни се допаѓа или затоа што така рекол градоначалникот. Нови измени на законот ќе правам за се што ќе видам дека не функционира на терен затоа што неопходно е системот на образование да профункционира. Младите ни отидоа затоа што не функционира системот на образование, затоа што оние што заслужиле петки не сакаат оној што има двојка да му се поправи оценката во петка на наставнички совет, рече министерката Јаневска.

Во гимназијата „Георги Димитров“ беа пријавени повеќе ученици отколку што имаше предвидено слободни места. Поради тоа, наместо директен упис, во гимназијата беше спроведен приемен испит.