Реклама

Мицкоски од Вашингтон: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

Премиерот Мицкоски ја претстави во Вашингтон македонската визија за развој – инфраструктурата, енергетиката и технологијата се клучните столбови

Нова наезда од глувци во скопски Центар – Герасимовски најавува дека дури во понеделник ќе се излезе на терен

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија

Лимани во Брисел потпиша Меѓународна спогодба за учество во ЕУ-програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на Македонија во Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ (Citizens, Equality, Right and Values – CERV).

По повод потпишувањето на оваа значајна спогодба, Лимани ја потврди посветеноста на Владата на Македонија на основните европски вредности – демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права.

– Нашето вклучување во Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ не е само пристап до финансиски инструмент, туку суштинска можност за зајакнување на социјалната правда, институционалниот развој и граѓанското учество во Република Македонија. Со потпишувањето на Спогодбата за пристапување кон оваа програмата, Македонија станува рамноправен член со другите Земји членки на ЕУ во овој сегмент, рече Лимани по потпишувањето на спогодбата.

Реклама

Пристапувањето во Програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ е значаен чекор во усогласувањето со ЕУ-стандардите и интеграцијата на нашата земја во Унијата – таа директно придонесува кон исполнување на условите во Поглавјата 23 и 24. При тоа, беше нагласено дека, ова не е само процес на усвојување на законски решенија, туку пред сѐ трансформација на општествените вредности и создавање на поинклузивно, праведно и демократско општество.

Програмата обезбедува финансиска поддршка за граѓански организации, кои добиваат можност да аплицираат за грантови за проекти кои поддржуваат еднаквост, толеранција и човекови права. Преку Програмата се овозможува и институционална надградба. Владата и единиците за локална самоуправа можат да користат поддршка за подобрување на нивните капацитети во заштитата на фундаменталните права.

Програмата придонесува за промоција на недискриминацијата, засилена борба против родовата нееднаквост и насилството како и имплементација на препораките од Истанбулската конвенција.

– Само преку колективен ангажман можеме да гарантираме ефективна имплементација на реформите и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Ги повикувам сите институции и организации да ги искористат можностите што ги нуди Програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“, да се вклучат во креирање одржливи решенија и заеднички да работиме на унапредување на владеењето на правото, заштитата на човековите права и јакнењето на демократијата во Македонија, порача Лимани од Брисел.