Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Запленети фалсификувана стока, дрон, цигари….

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, фалсификувана стока, дрон, регистарска табличка и документи за камп-приколка.

Во два одделни случаи на граничните премини Богородица и Дојран запленети се 22 штеки цигари без акцизни маркички.

• Во првиот случај запленети се 12 штеки цигари при контрола на камион-цистерна кој се пријавил за влез во државава на граничниот премин Богородица. Цигарите биле пронајдени во две ќеси сместени на горниот дел од цистерната во просторот околу отворот за полнење. Вредноста на цигарите изнесува 16.200 денари, а избегнати се давачки во износ од 27.195 денари.

Реклама

• Во вториот случај, на граничниот премин Дојран на влез во државава запленети се 10 штеки цигари при контрола на камион. Цигарите се пронајдени при преглед во кабината на камионот во најлонска ќеса. Вредноста на цигарите изнесува 6.480 денари, а избегнати се давачки во износ од 15.896 денари.

Мобилни тимови на влез во држaвава на граничниот премин Блаце спречија обид за шверц на дрон марка MAVIC 2 ENTERPRICE со батерии, полнач и контролер со проценета вредност од 159.660 денари.

Во два случаи од страна на мобилните тимови запленети се разни производи со ознаки на заштитени трговски марки.

• Во првиот случај запленети се 15 детски електрични автомобили со ознаки на заштитени трговски марки кои се задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

• Во вториот случај запленети се 1.190 тетратки, 70 детски шатори и 1.390 играчки со ознаки на заштитени трговски марки, исто така задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

При контрола на автомобил на граничниот премин Табановце на влез во државава од страна на мобилните тимови, пронајдена е британска регистарска табличка и сообраќајна дозвола за камп приколка. Непријавените предмети биле пронајдени под патосницата зад совозачкото седиште и во задниот џеб на совозачкото седиште.