Реклама

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Мицкоски: Не се инаетиме со Бугарија, не сме тврдоглави, но тоа е двонасочна улица во која бараме решенија со предвидлив крај

Мицкоски од Вашингтон: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

Премиерот Мицкоски ја претстави во Вашингтон македонската визија за развој – инфраструктурата, енергетиката и технологијата се клучните столбови

Нова наезда од глувци во скопски Центар – Герасимовски најавува дека дури во понеделник ќе се излезе на терен

Македонија

Филков: Во финална процедура или во тек се 22 реформски закони, од кои 13 директно произлегуваат од Реформската агенда

Министерот за правда, Игор Филков на брифинг со новинарите ги презентираше клучните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда, Игор Филков на брифинг со новинарите ги презентираше клучните закони од реформската агенда на Владата во областа на владеењето на правото, судската независност како и закони со кои се засилува борбата против корупцијата.

– Реформите не се декларации – тие се дела. Ние не носиме закони набрзина во интерес на поединци, одредени фамилии или интересни групи. Законите се подготвуваа преку сериозна анализа, консултација со експерти, невладин сектор, стручна јавност и усогласување со меѓународните стандарди, изјави министерот Филков.

Во финална процедура или во тек се 22 реформски закони, од кои 13 директно произлегуваат од Реформската агенда. Сите тие носат една јасна порака: правосудството мора да биде ослободено од политички и институционален притисок, со гаранции за независност, професионалност и одговорност.

Реклама

Во владина процедура се:

– Закон за платите на судиите
– Закон за платите на јавните обвинители
– Закон за платите на членовите на Судски совет на Република Северна Македонија
– Закон за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија
– Законот за судска служба

Подготвени се и Предлог законот за Судски совет кој е објавен на ЕНЕР и доставен на мислење на Венецијанската комисија како и Законот за јавнообвинителска служба за кој во тек се подготовки за објавување на ЕНЕР.

Министерството за правда подготвува уште пет закони чиј рок за донесување е декември 2025 година:
– Закон за јавното обвинителство
– Законот за Советот на јавни обвинители
– Кривичен законик
– Закон за кривична постапка
– Законот за Советот на јавни обвинители

Секоја реформа е алка во синџирот кој обезбедува правосудството конечно да стане темел на владеење на правото, а не заложник на дневна политика.

Министерството за правда ќе инсистира на брза, транспарентна и сеопфатна пaрламентарна процедура.

Во процесот на изготвувањето на законите во измината една година, Министерството за правда формираше околу 15 работни групи во кои беа вклучени еминентни експерти, професори, практичари, засегнати страни, граѓански сектор, како и меѓународни организации. Вклучени беа и Мисијата на ЕУ во Скопје, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Проектот Владеење на правото, Совет на Европа, Амбадасата на САД, Амбасадата на Кралство Холандија и EU4FAST, како и претставници од БЛУПРИНТ групата на граѓански организации.