Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Мицкоски: Со новиот закон ќе се намали бројот на автомат-клубови за игри на среќа

Со стапување во сила на новиот закон за игри на среќа, кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со стапување во сила на новиот закон за игри на среќа, кој е во владина процедура, се очекува да се намали бројот на клубови кои приредуваат игри на среќа, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговорот на новинарско прашање денес на настан на Машинскиот факултет во Скопје.

– По неколку месеци работа на Законот за игри на среќа и негово усогласување, тој е готов. Очекувам овој месец да ја помине владината процедура и потоа да влезе во Парламентот. Ќе има многу новини и измени и очекувам со усвојувањето законот, бројот на таквите автомат-клубови природно да биде намален, изјави Мицкоски.

Изјавата на премиерот доаѓа по вчерашната објава на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на неговиот Фејсбук профил во која се наведува дека се забрануваат 173 нови нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа.

Реклама

Oд Министерството појаснија дека станува збор за нов налог што е добиен од страна на Државната лотарија со нелегални приредувачи на Онлајн игри на среќа и истиот е проследен до АЕК за понатамошно постапување преку телеком операторите.

-Ние како Министерство постојано апелираме до граѓаните коишто имаат финансиски средства на овие страници, навремено да ги повлечат од истите и да не се подведуваат на ваквите лажни и манипулативни провајдери, бидејќи истите важат и за небезбедни, а безбедноста на интернет зависи и од самите корисници, изјавија од Министерството за дигитална трансформација.