Вчерашното невреме проследено со силен дожд, ветер и град предизвика големи штети на земјоделските површини и пластениците во селата Муртино, Еднокуќево и Босилово.
Според жители од овие населени места, штети има најмногу на пластениците, кои од силниот ветер се урнати, а поголема површина е поплавена.
Локалната власт во Струмица формирала комисија за проценка на штетите во селото Муртино и ги повика сите кои претрпеле штета од понеделник да ја пријават во општината.

И градоначалникот на Босилово информира дека штети се евидентирани во селата Еднокуќево и Босилово и дека од понеделник ќе се знае какви мерки ќе преземат како општина.
