Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Петрушевски: Струјата со СДСМ се зголеми затоа што фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавното

Венко Филипче трет ден молчи за испумпувањето на десетици милиони евра од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче трет ден молчи за испумпувањето на десетици милиони евра од ЕСМ од страна на Вице Заев и фирми кои водат и лично до него. Истражувањето на истражувачките новинари, кои го објавија овој скандал всушност покажува зошто ЕСМ е доведена во состојба на милионски долгови, изјави на денешната прс-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Посочи дека Вице Заев, Зоран Заев и Венко Филипче се директно виновни што струјата во нивно време се покачи за над 50%.

-Заев и Филипче се директно виновни што немало инвестиции во енергетиката, а немало за да има повеќе пари за во нивните џебови.

Реклама

За да може да профитираат Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче, биле направени мрежа на фирми и посредници за ископ, транспорт и продажба на јаглен од Грција на ЕСМ.

Јагленот кој од Грција се продавал кон мрежата на фирми за 30 евра бил препродаван во Македонија на ЕСМ по цена и до 82.5 евра.

Заеви продавале скап јаглен на ЕСМ, а Филипче уживал во придобивките на милионските бизниси низ разни луксузи кои што му ги приуштувале.

Овој скандал и афера од размери од неколку стотици милиони евра мора да има разрешница и одговорност.

Очекуваме ЈО да отвори истрага, а Венко Филипче да излезе и да каже со кое лице излегува повторно во политиката и бара гласови од народот кој тој и Заев го краделе со стотици милиони евра?, шрашува Петрушевски.