Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност за модуларната во Тетово мора да има, Обвинителството да не го штити, туку да отвори истрага за Филипче

Аферата „Провизии кои чинат животи“ го покажа криминалот и корумпираноста на Венко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Аферата „Провизии кои чинат животи“ го покажа криминалот и корумпираноста на Венко Филипче, кои државата ја чинеа 14 живи изгорени луѓе во Модуларната болница во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче додека бил министер за здравство се грижел само за профит, кој го добивал од провизиите од матните наместени тендери.

-Еден од тие тендери е тој за изградба на 16 модуларни болници за време на корона периодот, кои, впрочем, биле набавени како стоки од леснозапалив материјал. Помина веќе една недела откако почнавме со објавување на сознанијата и информациите кои стигнаа до нас, и кои Филипче го посочуваат како главен виновник за пожарот во тетовската модуларна болница. Но, Јавното обвинителство како институција која треба да ги истражи сите овие наводи, никаде го нема. Иако обвинителството има институт „допрен глас“ за што има обврска да постапува по јавно објавени информации за криминални дејствија, на очиглед на целата јавност, тоа се прави и глуво и слепо. Она што до сега го обелодени аферата „Провизии кои чинат животи“, е дека Филипче дозволил изградба на модуларни болници без огноотпорни материјали и дека тој лично ја правел тендерската спецификација за изградба на модуларната болница во Тетово. Постои сведоштво дека, Филипче, надвор од сите законски правила, подготвената од него спецификација, ја доставил до одговорното лице за набавката, се наведува во партиското соопштение.

Реклама

Знаејќи дека е криминална и несоодветна за извршување на здравствена дејност во која треба да се лекуваат тешко болни пациенти, тогашниот директор на тетовската болница одбива да ја прими и да ја пушти во употреба модуларната.

За да се спаси од одговорност, кратко после трагедијата, додека Македонија сè уште тагувала и била во шок, Венко Филипче побрзал да го анексира договорот за градба на модуларните, со цел да се отстранат аномалиите кои сам ги дозволил.

Мислејќи на профитот и на него омилените провизии, во анексот на договорот, Филипче предвидел дополнителна провизија од 20%, односно за толку ја зголемил цената на чинење на проектот.

За ваквото криминално работење на Филипче беа свесни и вработените во министерството за здравство, така што по неговото заминувањето одбивале да ги потпишат документите за штетните договори и анекси.

Сите овие јавно изнесени информации ги поседува и Јавното обвинителство кое избрало да молчи, наместо да постапува.

Затоа го повикуваме да не го штити Венко Филипче, туку за него да отвори истрага, затоа што аферата „Провизии кои чинат животи“ не смее да се заташка.

Одговорност мора да има, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.