Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во Скопје се родија три здрави бебиња – Тројка во Клиниката „Жан Митрев“

Радост, но и реткост во современата медицина. Во Клиниката Жан Митрев во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Радост, но и реткост во современата медицина. Во Клиниката Жан Митрев во Скопје се роди тројка. Мајката Бектешова на свет донесе три здрави женски деца. И мајката и бебињата се во добра состојба, виталните параметри им се стабилни и се под постојан надзор од медицинските тимови. Ова е случај што во светски рамки се појавува еднаш на 8000 случаи. Мајката пресреќна вели ова и е трета рожба.

Процесот на следење, водење и породување на мајката била изведена од тим на врвни гинеколози акушери и неонатолошки сестри со користење на најсовремена опрема и протоколи, велат од клиниката.

„Нивното доаѓање на свет ни донесе огромна радост, но и потврда дека кога знаењето, искуството и современата технологија се здружат, можеме да ги надминеме и најголемите предизвици. Мелис, Мира и Малахат се наши мали херои“ велат од Центарот за мајка и бебе

Реклама

За Клиниката ова породување претставува не само медицински успех, туку и симбол на надеж, живот и хуманост.