Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Клековски: Имаме капацитет да го организираме понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани

Одговорно тврдам дека Македонија има капацитет да го организира понатамошниот третман и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одговорно тврдам дека Македонија има капацитет да го организира понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

На трибината “Кочани е наш приоритет”, Клековски, нагласи дека според неговите информации моментално нема пациент кој има потреба да се лекува во странство.

Во однос на критиките на дел од пациентите, Клековски рече дека има впечаток дека до јавноста како повеќе да стигнуваат негативните примери, отколку позитивните, нагласувајќи дека има повеќе такви.

Реклама

– Друга е перцепцијата и очекувањата. Можеби треба да направиме групни средби како е направено и што е направено, бидејќи сметам дека довербата меѓу пациентите ќе биде поголема, бидејќи имаме и позитивни искуства и примери, изјави Клековски.

Планот сега, рече Клековски, е повредените да се вратат во болниците од каде потекнуваат, додека сите кои имаат потреба од преврски се третираат на Клиниката, додека а оние на кои им е потребен третман со физикална терапија се третираат во Кочани.

Клековски, изрази уверување дека во Болницата во Кочани моментално сите потреби за дополнителна нега се решени, посочувајќи дека болницата има и кадар и ресурси – двајца физијатри и четворица физиотерапевти, додека буџетот за оваа година изнесува и има 249 милиони денари.

– Исто е и со ракавиците. Тие се прават по нарачка и земени се мерки. Тоа го финансира Сапорт Кочани, како што други работи ги финансираат други. Одговорно тврдам дека правиме максимум, изјави Клековски.

Во однос на боледувањата, Клековски рече дека се решаваат во од и повика доколку има каков било проблем да се обратат во подрачната служба да се регулира.

-Во рамки на законот правиме се што е можно. Мора да нагласам дека во Фондот има подготвеност да направи се што е во рамки на законот. Имавме шест повредени дека не биле осигурани, додека други шест не биле осигурани, а ги осигурале по несреќата. Законот вика дека не може да одите на боледување без шест месеци стаж. Не е логично да се очекува Фондот да го крши законот. Правиме напори да се смени законот да важи за сите, рече Клековски.

Во однос на барањата на дел од пациентите да направат контролни прегледи во болниците каде биле лекувани во странство, Клековски рече дека доколку имаат потреба и сакаат да го продолжат лекувањето таму, ние немаме против.