Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Камбовски: Разрешениот судија Енвер Беџети има право на жалба

Судскиот совет на Македонија го разреши судијата Енвер Беџети кој се најде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет на Македонија го разреши судијата Енвер Беџети кој се најде на американската „црна листа“, но тој има право на жалба. Според претседателот на Советот Александар Камбовски, ако е незадоволен од одлуката Беџети има право на жалбена постапка.

– Секој судија којшто е разрешен има право на жалба до жалбениот совет при Врховниот суд. Тоа е посебен совет кој е составен од врховни, апелациски и основи судии, рече Камбовски.

Во врска со ослободувањето од притвор на Асмир Јахоски, случај за кој изминативе денови многу се коментираше, Камбовски посочи дека за таа судска одлука бил запознат од медиумите.

Реклама

– Тоа е судска одлука, а од она што го следев од медиумите, таму согласноста ја дало Основното јавно обвинителство. Судскиот совет нема ингеренција да се меша во секоја судска одлука, бидејќи дневно се носат илјадиници судски одлуки, рече првиот човек на Судскиот совет во одговорот на новинарско прашање по паузата на денешната седница на Судски совет.