Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Кривична пријава за закупот во Александрополис, скандалозни одлуки потпишале екс-членови на Владата и ЕСМ

Кривична пријава за екс – членови на Владата и поранешни членови на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривична пријава за екс – членови на Владата и поранешни членови на управен и надзорен одбор на државните електрани поднело актуелното раководство на АД ЕСМ поради тоа што е направен закуп на терминал во Александрополис, а истиот не може да се користи бидејќи Македонија нема гасна инфраструктура за да го донесе.

Истовремено, со одлуки на одборите, се потпишало да се чека интерконекторот за да се донесе гасот до државата, наместо тоа да се стори преку Бугарија.

Несовесно постапувале согласно интересите на компанијата и државата, смета актуелниот директор Лазо Узунчев кој ги сподели овие информации со новинарите на брифинг. Кривичната пријава е поднесена поради нанесување штета на државата до МВР и Управата за финансиска полиција. Како што кажа, ова не е единствената кривична пријава која е поднесена од ЕСМ за предходните раководства и начинот на кој управувале со државните електрани.

Реклама

Истовремено, на брифингот, присутни беа министерката за економија, Сања Божиновска, и директорите на ЕСМ, МЕПСО и МЕМО. Првиот човек на ЕСМ, Узунчев е на став дека државните електрани нема да бараат зголемување на цената на електричната енергија, а МЕПСО и МЕМО нема да бараат поскапување на струјата од Регулаторот од 1 јули.