Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Евробарометар: Расте евроскептицизмот кај земјите кандидати

Билатерализацијата на пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија и замижувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Билатерализацијата на пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија и замижувањето на официјален Брисел пред ултиматумите што од одделни земји членки со децении ѝ се наметнуваат на земјава придонесоа за големото разочарување меѓу македонските граѓани за она што значеше европска идеја и наша стратешка цел.

Ако некаде во 1990-тите години поддршката на Унијата во земјава изнесуваше над 90 отсто, сега три децении подоцна таа од година на година сѐ повеќе паѓа како резултат на европските неконзистентни политики кон земјава.

Имено, додека сите актуелни земји членки, особено оние од поновиот бран проширувања преговараа според критериумите од Копенхаген, а некои влегоа во ЕУ со политичка одлука без исполнети критериуми, Македонија е заложник на идентитетски, јазични и историски прашања од 19 век. И тоа не прекинува, се бара отстапка по отстапка, без реален пробив во евроинтеграциите.
Преку македонскиот пример и другите земји од регионот учеа што не треба да прават доколку сакаат да не бидат изиграни на европскиот пат, па затоа сето тоа ја урнисува довербата во ЕУ, како во Македонија така и меѓу земјите во регионот.

Реклама

Последната анкета на „Евробарометар“ покажува дека довербата во ЕУ е највисока во Црна Гора и Албанија, а најниска во Србија. Во Македонија таа изнесува 54 отсто, додека 42 отсто не ѝ веруваат. Колку за споредба, есенскиот „Евробарометар“ за 2024 година покажа дека 56 отсто од македонските граѓани имале доверба во ЕУ, што јасно говори за опаѓачкиот тренд од година на година. Во Босна и Херцеговина, 58 отсто од граѓаните имаат доверба во ЕУ, а 37 отсто не ѝ веруваат. Во Србија, од друга страна, само мал процент од 37 отсто имаат доверба, додека 57 отсто велат дека имаат тенденција да не ѝ веруваат, покажуваат резултатите од истражувањето што беше објавено на 28 мај.

Анкетите се спроведени во секоја земја во март и април годинава, при што податоците за висока доверба се бележат само кај оние земји кон кои ЕУ барем засега не испорачала билатерални условувања, туку тие преговараат исклучиво врз Копенхашките критериуми, кои дури и се спуштени на минималното ниво за да можат да се сметаат за исполнети. Имено, затоа 83 отсто од граѓаните на Црна Гора имаат тенденција да ѝ веруваат на ЕУ, додека 17 отсто да не ѝ веруваат. Исто е и со граѓаните на Албанија и Косово, кои исто така имаат високо ниво на доверба во ЕУ, 80 односно и 79 отсто.

Кога станува збор за членството во ЕУ, 50 отсто од македонските граѓани веруваат дека тоа ќе се случи, додека другата половина е скептична. Во БиХ вербата дека земјата ќе стане дел од ЕУ изнесува 60 отсто, додека во Србија, само 34 отсто од граѓаните велат дека членството би било добра работа, додека 32 отсто веруваат дека членството би било лоша работа. Од друга страна, 80 отсто од граѓаните во Црна Гора и Албанија веруваат дека членството во ЕУ за нив е добра работа.

Испитаниците од ЕУ биле запрашани дали би поддржале „проширување на ЕУ за вклучување на други земји во идните години“. Во ЕУ како целина, 54 отсто од граѓаните ја поддржуваат оваа политика, додека 39 отсто се против неа.

Проширувањето на ЕУ има мнозинство во поддршката во повеќето земји членки, но мнозинството граѓани на Германија и Австрија се против него. Во двете земји, 42 отсто од граѓаните се за проширување, додека 53 отсто се против него. Во Франција, 41 отсто од граѓаните се за проширување, а 49 отсто се против, иако бројот на противници е намален од претходниот „Евробарометар“.