Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Оперативниот план 2025 ќе помогне во задржување на малдите во Македонија

Младите да останат и најдат работа во Македонија, да запре масовното иселување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младите да останат и најдат работа во Македонија, да запре масовното иселување од државата и да им се помогне на луѓето со социјален ризик да стекнат вештини и да се вработат – владата претстави дел од мерките на Оперативниот план 2025-та. Министерката за образование вели дека Оперативниот план ќе понуди доедукација, доквалификација или преквалификација на 600 луѓе за што се предвидени 70 милиони денари.

„Ќе се одржуваат обуки на луѓето кои ќе се пријават на огласот, тоа ќе бидат кратки пбуки кои ќе нудат вештини во траење од три месеци, секој од тие што ќе бидат пријавени на овие обуки ќе добие 12.000 денари месечно“ вели Весна Јаневска, министерка за обраозвание

Оперативниот план 2025 опфаќа мерки за маргинализирани категории како граѓани приматели на минимална помош, лица со инвалидитет и жртви на семејно насилство.

Реклама

„Поставување на вакви мерки кои што се надоградени со подобри услови токму за најмладите и оние од 29 години отвораме буквално можности за тие да останат тука во Македонија, да можат да бидат дел од системот за вработување и да буквално својот живот и своето семејство го креираат токму тука во Македонија“ вели Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади

Од Агенцијата за вработување велат дека активно се подготвуваат за спроведување на мерките од Оперативниот план.

„Јавните повици ќе се објават со еден план и роковник кој што ќе го определиме и дефинираме, но чекаме решение од страна на Комисијата за заштита од конкуренцијата каде што тие како таква комисија имаат надлежност да донесат решение дали можеби некоја од активните мерки се судрува со закон од заштита на конкуренција“ вели Сељатин Бељули, директор на Агенција за вработување на Македонија

Оперативниот план 2025 е вреден 40 милиони евра и опфаќа 16 илјади невработени, а 65% од овие лица се очекува да бидат млади до 29 години.

Давид Крстевски