Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и македонскиот јазик е македонски

„Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и македонскиот јазик е македонски, и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и македонскиот јазик е македонски, и жално е што треба ова да се напоменува, но таква е ситуацијата“. Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент Томас Вајц во интервју за бугарската национална телевизија – БТВ ги повика Бугарите да престанат да ја блокираат европската интеграција на земјава.

Зборувајќи за извештајот кој ќе го презентира, уште еднаш потврди дека во неколку наврати се признава посебноста на многувековниот македонски идентитет и јазик.

Нема сомнение дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик. Дури и жалам што треба да го кажам тоа. Македонскиот идентитет е доведен во прашање не само од бугарските соседи, туку и претходно од грчките соседи. Затоа нацрт-извештајот ја вклучува реалноста за независен македонски идентитет и јазик, тие се јасно споменати“ рече Вајц, пренесува БТВ.

Реклама

Известувачот очекува мнозинствотвото да го поддржи, како што вели, конструктивниот извештај, бидејќи најголем дел од групите во Европскиот парламент ги поддржуваат евроинтеграциите на Македонија. Сепак е свесен дека нацрт-текстот нема да им се допадне на бугарските европратеници. Дел од нив оделе и до таму, што го обвинувале за пристрасност.

Заедно со моите колеги од либералите, социјалдемократите и Европската народна партија, се обидуваме да подготвиме реален извештај за ситуацијата во која се наоѓаме. Се потрудив напорно да ги вклучам бугарските членови на Европскиот парламент и нивните легитимни барања, како и бугарската заедница да се спомене во извештајот. Во мојот нацрт, бугарската заедница е конкретно спомената еднаш, додава Вајц.

Извештајот во Европскиот Парламент каде се признава посебноста на македонскиот идентитет и јазик, силната поддршка од голем број земји членки на ЕУ, пораките од европските челници дека ќе помогнат да се најде решение за блокадата од Бугарија – според упатените, овие случувања се знак дека Македонија може да излобира за фер и достоинствено пристапување кон ЕУ. Во една засилена дипломатска офанзива на Македонија и непопуштање пред барањата од нашиот источен сосед, Бугарија како да се најде во небрано. Декларацијата која беше едногласно донесена во бугарскиот Парламент, во која се повкува Македонија да ги направи уставните измени, до толку повеќе покажува дека единствениот адут на Бугарите се уцените – бидејќи така беа навикнати од претходната Влада која во 2022 година го прифати францускиот предлог.