Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Софија во паника: Усвоена Декларација со која се повикува Македонија да го почитува договорот од 2022-ра година

Со 194 гласа ЗА, ниту еден против, ниту еден воздржан во бугарскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со 194 гласа ЗА, ниту еден против, ниту еден воздржан во бугарскиот Парламент едногславно беше изгласана декларација со која се повикуваат македонските власти да го почитуваат договорот од 2022-ра година, односно францускиот предлог.

Таму се нагласува дека се неприфатливи какви било обиди во рамките на ЕУ за повторно преговарање, заобиколување или игнорирање на сите елементи, од веќе потпишаното од поранешните шефови на дипломатиите во двете држави, Бујар Османи и Теодора Генчовска. Дека Бугарија нема да помрдне од она кое што го договори претходната македонска власт, потврди и нивниот министер за надворешни работи, Георг Георгиев. Тој го потенцираше и она што стои во самата декларација, а за кое многумина предупредуваа, дека овој овој договор е меѓу Македонија и Европската Унија, а не е билатерално прашање.

-Бугарија ќе продолжи да го почитува договорот од 2022-ра година, ние нема да отстапиме ниту сантиметар од него. Нема да престанеме да повторуваме дека почитувањето на европските барања е тоа кое што мора за да може да се постигне напредок и критериумите за членство дадени во консензусот од 2022-ра година, меѓу Европската Унија и сите нејзини држави членки од една страна и самата Македонија, треба да се исполнат, изјави Георгиев.

Реклама

Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, кој заедно со Заев го потпишаа договорот за добрососедство, потсети дека претходната власт во Македонија постигнала два договори кои мора да се почитуваат ако сакаме члество во Европската Унија.

-Имаме договор за добрососедство, таканаречен француски предлог, и инсистираме сите да се придржуваат до договорот и какви било провокации што се прават не се во ничиј интерес. Оваа декларација уште еднаш потсети дека фундаменталниот документ за модерната историја е договорот за добрососедство, изјави Борисов.

Со декларацијата бугарскиот Парламент ја повика Европската Унија да продолжи со напорите за гарантирање на правата на Бугарија во Македонија. Поранешниот тамошен министер за одобрана Бојко Ноев, јасно кажа зошто официјална Софија толку бара уставни измени. 

-Уставната еднаквост за Бугарите значи нивно право на свој јазик, култура, квоти во државната администрација и голем број други експлицитно регулирани права – како и за сите други, кажа Ноев.

Премиерот Христијан Мицкоски јасно потенцираше дека нема ни милиметар да се променат ставовите на Владата, додека во Бугарија не се признаат правата на македонското малцинство. Тој кажа дека таму има Комитет во кој членуваат претставници на малцинствата Роми, Турци и Ерменци. При тоа, прашува дали Македонците кои имаат 14 пресуди во Судот за човекови права во Стразбур, не заслужаат место во тој комитет, а Бугарите да заслужуваат место во нашата Преамбула.

Матеја Петровски