Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Директорот на БЈБ порачува – Криминалот и корупцијата ќе се сосечат во корен

Државата почна да расчистува со криминалот и корупцијата, но за да се…

Сподели:

Државата почна да расчистува со криминалот и корупцијата, но за да се заврши работата, треба да се исече во корен и да се чистат и криминалците од полициските редови. Ако никој не преговара со криминални банди и не е корумпиран нема да може криминалот од затворите да се истура по улиците. Првиот човек на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев вели со расчисувањето на корумпираните затворски полицајци, ќе се намали криминалот надвор од затворите.

Директорот на БЈБ има идеи и начини како да се спречи криминалот од затворите да се истура по улиците. Тој не сакаше да открие со цел да не влијае на актуелни истраги, но сепак според него пресудна е работата на обвинителот кој ако е целосно посветен сигурно ќе обезбеди и докази за во судска постапка.

Инаку, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција пред два дена информираше дека ја разбило криминалната група „Беланоца-Барон“ и поднесе обвинение за повеќе кривични дела извршени во период од 2020 до 2024 година, меѓу кои и за убиства. Дел од нив, нарачани од затвореници.

Реклама

Според обвнителството, дел од оваа криминална група, меѓу другото, го убиле и Ибраим Ајдини во август 2020 година, бидејќи се сомневале дека тој ги предал Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои се обвинетите за масакрот кај Смилковското Езеро што се случи во април 2012, а се уште не се екстрадирани од Косово.

Пред еден месец, изгоре и викенд куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов. Тој откри дека банди во затворите коишто се под негово управување, со скапо платен мобилен телефон што го добиле зад решетки, го нарачале палењето на неговата викендичка во Орешани.

Надлежните последниве година, жестоко удрија по корупцијата во затворскиот систем и криминалните груши коишто со години заруваа и го држеа нарко пазарот во Македонија.

https://youtu.be/-s6uGMAJe4I