Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Меџити најави кривична за Арсовска – ова е последен обид на Ахмети за дестабилизација преку општините

Кривична пријава за Данела Арсовска. Вицепремиерот Изет Меџити најави дека ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривична пријава за Данела Арсовска. Вицепремиерот Изет Меџити најави дека ќе се бара одговорност за скопската градоначалничка, за која вели дека е последниот адут на Али Ахмети за дестабилизација на државата. Меџити предупредува дека Арсовска со лажни тврдења за проблеми во општина Чаир се обидува да предизвика конфликт и немири. Откако не му успеало со Таравари, сега лидерот на ДУИ според Меџити ја користи токму Арсовска како инструмент за остварување на неговите цели.

„Ова е последниот план на Ахмети преку Блерим Беџити шефот на парламентарната група за дестабилизација преку општините. Овој пат не сами не преку Таравари и други актери туку преку Левица и инструменот Данела Арсовска која е во функција за дестабилизација. Тоа се лажни тврдења и за тоа ќе добие кривична пријава. Мислам на објектот каде што се сликаше“, изјави Изет Меџити министер за животна средина.

Меџити предупредува дека Арсовска не треба да глуми инсперктор, туку конечно да почне да работи за она што била избрана. Вицепремиерот предупредува дека Арсовска заборава во каква состојба се јавните претпријатија која таа треба да ги менаџира

Реклама

„Таа изигрува инспектор, контролор, но заборава дека јавните претпријатија се пред банкрот. Добро е да ја видиме во Сарај во Шутка каде се нејзините партнери. Добро е да каже нешто за синот на шефот на парламентарната група Блерим Беџити кои има 17 години има договор за интелектуални услуги во комунална хигиена“, изјави Изет Меџити министер за животна средина.

Судирот Арсовска Ганиу ескалира откако таа го обвини градоначалникот на Чаир за дивоградби. Арсовска веќе неколку дена објавува документи, а целата ситуација ескалираше синоќа откако градоначалникот на Ганиу и истури камион со отпад пред нејзината канцеларија во Град Скопје како одговор што не функционираат градските комунални служби. Гануиу денеска ја обвини Арсовска дека обработува за ДУИ кои се плашат од пораз на локалните избори. Ги отфрли обвинувањата за дивоградбите и повика институциите да реагираат ако имало нешто незаконски.

„Аларамнтно е во 21 век во топло и влажно време да се гушиме во ѓубре и да се плашиме од зарази. И се обраќам на Арсовска почитувам дека сте жена но ве молам решавајте ги проблемите смирено и достоинствено. Немојте да бидете инструмент во рацетее на неколку моќници на ДУИ. Госпоѓа Арсовска, господин Османи, господин Беџети. Прашањето е едноставно. Ќе помогнете ли на чаир или ќе продолжите да ја држите како заложник на партиска битка. Јас ви тврдам дека во таа последната зграда ќе искочи дека ние сме ја легализирале, тоа на суд ќе се докажеме. Општина Чаир не ја легализираше. Не бришеме ништо. Се ќе докажеме на суд. Со тоа шоуто што го прави ви тврдам дека други општини имаат три пати повеќе дивоградби“, изјави Висар Ганиу, градоначалникот на Чаир.

Арсовска пак порача дека нема да се повлече и ќе продолжи да ги открива наводните криминали во општина Чаир.