Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Гаши: Парламентарното мнозинство е стабилно, но можно е да се зголеми

Парламентарното мнозинство е стабилно, но можно е да се зголеми и да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Парламентарното мнозинство е стабилно, но можно е да се зголеми и да биде над 70 пратеници, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши на прес-конференција по повод една година од овој парламентарен состав. Се чисти сцената, додаде тој, и се знае како ќе продолжи со работа Собранието.

-Можно и да се зголеми. Зборуваме за над 70 пратеници… Во оваа ситуација зборуваме за околу две третини во Собранието, рече Гаши нагласувајќи дека за нив е што поважно што поголем број пратеници да се приклучат на искрената заложба за зголемување на животниот стандард да се реализира.

Гаши посочи дека Собранието ќе го ратификува договорот за стратешко партнерство со Велика Британија што подразбира инвестиции од шест милијарди со конкретни проекти.

Реклама

-На повидок е успешна година која очекуваме дека ќе влијае на сите граѓани, рече Гаши.

Во однос на уставните измени, го повтори ставот дека е потребна предвидливост на процесот за да бидеме сигурни дека тој нема да биде билатерализиран. Гаши кажа дека на сите средби надвор од државата и со странски претставници се бара поддршка за да нема повторна блокада за нашиот почеток на преговори со ЕУ.

Претседателот на Собранието на прес-конференцијата најави закон за прогласување безбедносна зона околу Собранието, чијшто драфт бил поделен на координаторите на пратеничките групи на последната средба.

-Собранието да има свој двор и сопствен паркинг, рече Гаши објаснувајќи дека земјиштето околку парламентарната зграда, којшто бил во приватна сопственост, со законот да може да се откупи и да стане државна сопственост.

Притоа тој не кажа колку средства ќе бидат потребни за оваа намена и дали тоа ќе биде покриено од Буџетот на Собранието или не.

Во однос на законот за правичната застапеност, Гаши кажа дека се уште е во подготовка.

Негов приоритет, како претседател на Собранието во изминатата година, било остварување на законодавната функција, преку редовно свикување на седници, воспоставување праведни и правични практики, вклучувајќи го и спречувањето на злоупотребата на ЕУ- знамето, како и координацијата и развојот на конструктивен дијалог со пратениците и институционалните актери со цел постигнување консензус во донесувањето одлуки.

-Собранието како дом за сите не е само слоган, туку реална заложба со конкретни чекори, рече Гаши.

По повод една година од овој парламентарен состав Кабинетот на претседателот подготви извештај кој што може да се погледне на веб страната на Собранието.