Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Прилози

Голема победа на македонската дипломатија: Европскиот Парламент во извештајот ќе го признае македонскиот јазик и идентитет

Голема победа за македонската дипломатија предводен од премиерот Мицкоски – Европскиот Парламент…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голема победа за македонската дипломатија предводен од премиерот Мицкоски – Европскиот Парламент и во официјален документ ќе го зацементира и потврди постоењето на македонскиот идентитет и јазик. Овие термини се директно споменати дури на четири места во извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ, кој треба да биде усвоен во јули. Извештајот е подготвен од главниот известувач, Австриецот Томас Вајц, кој успеа да ги стави индетитетот и јазикот со помош на другите седум известувачи „во сенка“ што ги претставуваат политичките семејства во ЕП. Секако тука му помогна и големата дипломастка офанзива на македонската влада. Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од ваквите потези и порача дека тоа само ќе ја докаже многувековноста на македонскиот јазик и идентитет и повика извештајот да биде поддржан едногласно.

-Тука не гледам апсолутно никаква пречка ако навистина сите сме едногласни и тоа не беше никаков проблем. За жал морам да кажам дека повторно од исток стигнуваат поинакви коментари и гласови, но да видиме како целата оваа работа ќе заврши. Посебниот многувековен македонски идентитет и меѓународно кодифициран посебен македонски јазик е факт, изјави Мицкоски. 

Инаку, Вајц кој доаѓа од Зелената партија, успеа да спречи во неговиот извештај да влезат дури 40 предлози протв Македонија кои биле поднесени од бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ивајло Валчев. Премиерот Мицкоски ги повика сите партии во Македонија кои имаат свои сестрински партии во европскиот парламент да се вклучат во офанзивата за да овој извештај помине во ваква форма.

Реклама

-Ги повиквуам сите политички чинители во државата да се обединат и да почнат од денес да вртат на своите сестрински партии кои што имаат европратеници во Европскиот парламент. Знам дека опозициската СДСМ е дел од едно такво семејство, ги повикувам уште денеска да почат и да вртат кај своите сестрински партии, истото е јас како што знам и политичката опозициска партија ЛДП, изјави Мицкоски. 

Во истовреме, можната средба меѓу претседателката Гордана Сиљановска Давкова и нејзиниот бугарски колега Румен Радев нема да се случи, бидејќи се уште нема никаков официјален одговор од кабинетот на претседателот на Бугарија.

-До овој момент немам пристигнато било каков коментар од страна на кабинетот на претседателот, само преку медиумите, ако тоа може да се толкува како одбивање е онаа изјава на европскиот пратеник Андреј Ковачев, кој доаѓа од сестринската партија, кој што вели дека не и е потребна на Бугарија никаква медијација, изјави Мицкоски.

Доказ дека македонската дипломатија му помогнала на Вајц да поденсе позитивен извештај за нас е и фактот што го објавува бугарската БГНЕС дека во минатиов период додека се подготвувал извештајот, на негова покана на состаноци во Европскиот парламент биле 15 пратеници од Македонија, а претходно на 12-ти мај истото го стори и министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Вајц организираше официјален ручек за македонските пратеници со „известувачите во сенка“, на кој бугарските пратеници не биле поканети.

Се очекува потврдата на македонскиот идентите и јазик да се прелеат и да стојат во најновиот извепштај на Европската комисија што треба да се објави наесен.

Инаку, ЕП ќе биде второто законодавно тело во Европа по германскиот Бундестаг, кој донесе одлука за македонскиот јазик на 15 јуни 2023 година.

Матеја Петровски