Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ФОТО: Отворање на најголемата меѓународна вежба во земјава „Immediate Response 25“

На армискиот полигон „Криволак“ денеска со воена церемонија се означи почетокот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На армискиот полигон „Криволак“ денеска со воена церемонија се означи почетокот на меѓународната вежба „Immediate response 25“ (IR25), која ќе трае од 26 мај до 9 јуни. Единици од седум НАТО и две партнерски земји со своја формациска опрема и вооружување, ќе демонстрираат безбедносни способности и зајакнување на сајбер одбраната преку бојни гаѓања, премин преку река, сајбер и вежби за АБХ одбрана.

Вежбата свечено ја отвори бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командант на Командата за операции, која е организатор и домаќин на вежбата. Тој на учесниците им оддаде признание за посветеноста и професионализмот кои беа покажани за време на планирачкиот процес и истакна дека очекува беспрекорна работа и високи резултати.

„Immediate Response 25“ претставува одлична можност за потврда, унапредување, но и проверка на интероперабилноста и оперативната способност на сојузниците за водење на конвенционални операции, организација на системите на бојното поле, како и подобрување на тактиките и техниките во водењето на операциите, во функција на создавање поголема отпорност и самоодржливост на бојното поле. За нас, како домаќини и како армија на земја која од неодамна наврши пет години од членството во НАТО, оваа вежба е идеална можност за распоредување и извежбување на нашите декларирани сили, но и за непосредна соработка со сојузничките армии и партнерите“, истакна генералот Ѓоргоски прогласувајќи ја вежбата за отворена.

Реклама

На крајот свеченоста ја збогатија армиските оркестри од земјата и од Вермонт, САД кои изведоа нумери од нивниот широк воен репертоар.

Во вежбовната активност на армискиот полигон „Криволак“ учествуваат над 2200 армиски припадници од земјава, САД, Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, Обединетото Кралство, Австрија и Косово.

Вежбата „IR 25“ е дел од најголемата НАТО вежба оваа година на тлото на Европа, „Defender 25“, предводена од Армијата на САД која се изведува на територијата на членките на НАТО од југоисточниот дел на Европа. Преку изведување на копнени и бојни гаѓања се подобруваат подготвеноста, интероперабилноста и способностите за одвраќање помеѓу НАТО сојузниците и партнерите.