Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Филипче со ново барање за лидерска средба – евроинтеграциите и реформите главна тема

Евроинтеграциите, реформите, потребните чекори кои треба да се преземат за да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Евроинтеграциите, реформите, потребните чекори кои треба да се преземат за да се одблокира процесот, се теми за кои е потребен национален консензус и мора да се пристапи сериозно. Претседателот на СДСМ Венко Филипче настојува да се организира лидерска средба на која првите луѓе на најголемите партии ќе ги соочат аргументите и ќе изградат еден заеднички став, како понатаму. Филипче вели, ќе продолжел да биде конструктивен, и секој предлог што значи одблокирање на процесот би бил прифатлив, вклучувајќи ја и сугестијата на претседателката Сиљановска Давкова за нов протокол со Бугарија, но без можност за вето.

Јасни се пораките на Кошта, на Калас дека сега е моментот да фатиме чекор со Албанија и Црна Гора кои за 4 години можеби ќе се на прагот на ЕУ. Тој момент на толкување на протоколите, еве во јавноста излегува предлог и од претседателката. Да пробаме можеби да се модифицира работата на Комисијата, да земеме пример, Германија со Полска, Германија со Австрија. Јас ќе продолжам да бидам конструктивен, да имаме свои предлози, лидерите на најголемите партии да седнат заедно, овој момент има расположение од ЕУ да се поддржи овој процес. Се што значи подобрување на нашата позиција ќе поддржиме, рече Филипче.

Ова барање за лидерска средба доаѓа откако пред еден месец Филипче се сретна со премиерот Мицкоски. Тогаш, се договорија, разговорите да се одвиваат преку работни групи и власта и опозицијата да изнајдат заедничко решение.

Реклама

Од Владата велат дека Филипче не треба да ги користи можностите за лидерска средба за да си го крева рејтингот.

Венко Филипче преку прилики за лидерски средби да не си го крева рејтингот. Лидерска средба имаше пред еден месец и во овие моменти не гледаме потреба за тоа, велат од Владата.

И додека партиите се препукуваат, дали да има лидерска средба или не, од Националниот совет за евроинтеграции денеска беа испратени пораки дека покрај уставните измени, Македонија мора да си ги исполни домашните задачи. Во поглед на реформската агенда, учесниците се согласија дека Македонија е лидер во регионот и прва ги искористи парите од Планот за раст.

Како потврда на нашата водечка улога во регионот во овој контекст, веќе поднесовме барање за ослободување на 17,1 милиони евра од ЕК. Овие мерки се само дел од Реформската агенда, која носи дополнителен финансиски поттик од 750 милиони евра за Северна Македонија. Дел од овие средства се за директна буџетска поддршка, а значителниот дел е наменет за инвестициски проекти и социо-економски развој, со јасна врска меѓу реформите и подобрување на животниот стандард на граѓаните, потсети министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Закони што се усогласени со ЕУ регулативи и директиви во владина постапка: Закон за електронска архива; Закон за сајбер безбедност; Закон за електронски комуникации; Закон за електронска идентификација. Остануваме посветени овој процес да биде транспарентен, инклузивен и насочен кон создавање на европска иднина за сите граѓани, рече министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Инаку дел од парите од Европската Комисија се за директна буџетска поддршка, а дел за инвестициски проекти и социо-економски развој, со јасна врска меѓу реформите и подобрување на животниот стандард на граѓаните.