Стотици граѓани на Средно Водно, се искачија со едно срце и една цел – да трчаат за Кочани. Настанот, организиран од Делегацијата на Европската Унија и мрежата на „Јуроп Хаус“, беше дел од одбележувањето на Денот на Европа, но, оваа година, фокусот не беше ставен на прославата, туку на човечноста и поддршката за семејствата погодени од трагедијата во Кочани.
Во духот на солидарноста, истовремено во уште шест други градови низ државата – Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово – се одржаа хуманитарни трки под мотото „Сите за Кочани – Трчаме заедно“.
Трките беа отворени за сите, без оглед на возраста или физичката подготвеност. Средствата од котизациите, како и дополнителните донации собрани преку кутијата поставена од Црвениот крст, ќе бидат насочени директно кон погодените семејства.

„Тука сме сите во еден обид да испратиме силна порака на солидарност и одѕивот беше навистина голем, од сите седум градови, иако како што се гледа времето не ни беше овој пат сојузник, одѕивот беше голем од секаде и се појавија луѓе “, изјави амбасадорот на ЕУ во Македонија, Давид Рохас“, изјави Михалис Рокас – амбасадор на ЕУ во Македонија.
Претставникот на „Јуроп Хаус“, Ваљон Салиху, посочи дека оваа година, наместо славење, изборот паднал на хуманоста.
„И покрај дождот има доста луѓе кои што се појавија и верувам дека пораката која што ќе се испрати денес од тука од Средно Водно, ќе биде моќна, јака и верувам дека средствата кои што ќе се соберат од сите кои што донираат за Кочани ќе идат таму кај што треба и кај што е најпотребно “, рече Салиху.
Учесниците пред трката велат дека мотивацијата да се пријават на трката била и повеќе од голема.
„Дојдов затоа што сметам дека ова може да е најмал придонес што можам да го направам за заедницата, за граѓаните од Кочани. Сметам дека без разлика што врне, какви и да се временските услови, треба многу поголем одѕив да има, за овие работи, дури и да не трчаат луѓето нека ги испешачат, ама само нека се појават… „Искрено дојдов да поддржувам, сите што ќе трчаат и ќе настапуваат, на тркава, убав настан и треба почесто да се организираат вакви спортски настани, кои што имаат хуманитарен поглед…. „Кога се работи за ваков настан времето не е битно, колку што е битно да дојдеме да дадеме поддршка да покажеме солидарност со луѓето“…
По завршувањето на трката, победникот Сеад Климентиќ, ја посвети победата на жртвите од Кочани.
„Трката ја истрчав премногу лесно. Мислите ми беа насочени кон нив, едноставно истрчав за тоа време и без никаков проблем ја посветувам трката и победата за жртвите во Кочани“, изјави победникот на трката на 5000 метри Сеат Лимети.
Меѓу првите кои ја минаа целта беше и Елена Стојчевска Андреевска.
„Мотивацијата е секогаш голема кога се трча за ваква цел. Голема беше мотивацијата да се помогне колку што може на овие семејства, еве и денот ни е ваков веројатно и тој тажи за тоа што се случи“, изјави Андреевска.
Организаторите на почетокот обезбедија бесплатен автобуски превоз. Денешната трка не беше само спортски настан – таа беше порака. Порака дека како општество знаеме да застанеме едни зад други кога е најпотребно.
