Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Двајца мажи заразени со мајмунски сипаници, надлежните порачуваат – без паника

Мајмунски сипаници и во Македонија. Двајца мажи од Скопје на 40 и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мајмунски сипаници и во Македонија. Двајца мажи од Скопје на 40 и 44 годишна возраст се потврдени случаи. Едниот од нив е хоспитализиран на скопската инфективна клиника. Вториот се уште не се пријавил на ниту една од клиниките. Заболените пред надлежните тврделе дека не ја напуштале државата и не се поврзани еден со друг.

Според податоците со кои располагаме, според нивните искази станува збор за неповрзани случаи, не патувале некаде, повторно кажувам ова се нивните искази, кои се уште не знаеме дали се веродостојни. Не би навлегувале во деталите повеќе за епидемиолошката анкета за да се заштити приватноста“, изјави Марија Андоновска, директор на ИЈЗ.

40 годишниот скопјанец  синоќа бил примен во болница и неговата состојба е стабилна.

Реклама

„Пациентот е во одлична здравствена состојба , освен лезиите што тој ги има во одредена регија на телото од кои е земен примерок и со лабораториско докажување потврдено е присуство на мајмунска сипаница. Вториот пациент не се појави“, изјави Директорот на Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Фадил Цана.

Надлежните апелираат да не се шири паника, дека не е ново заболување и веќе има протокол за лекување.

„Сакам да ве информирам дека веднаш се пристапи кон координација со институциите и епидемиолошка анкета на потврдените два случаи. Информиран е директорот на инфективната клиника и санитарниот здравствен инспекторат. Дненеска утрово одржавме повеќе координативни состаноци заедно со институтот за јавно здравје и СЗО за тековните активности и понатамошните активности кои следат“, изјави Јовица Андоновски – заменик министер за здравство.

Мајмунските сипаници се вирусна болест слична на големите сипаници, но со поблага симптоматологија.  Се пренесува  од човек на човек, преку контакт со заразен материјал од повреда или течности од кожата, устата или половите органи, вклучително и преку допирање, близок контакт и секс. Може да се распространува и при зборување, кашлање или кивање. Симптомите се слични како и за другите сипаници: температура, трески, главоболка, мускулни болки, болка во грбот, отечени лимфни јазли, замор, исип. Периодот на инкубација е од пет до 21 ден .