Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мајмунски сипаници во Македонија!

Денес во ЈЗУ Институт за јавно здравје беа упатени од Клиниката за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес во ЈЗУ Институт за јавно здравје беа упатени од Клиниката за кожни болести два пациенти суспектни за Monkeypox – Мајмунски сипаници и воедно беше упатно назначено да се направи испитување и за ХИВ, сифилис и херпес.

Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на 3 различни начини со што лабораториски се потврдија два случаи на Monkeypox – Мајмунски сипаници.

-Бидејки за прв пат во нашата држава се лабораториски потврдени Monkeypox – Мајмунски сипаници, после добиените резултати, веднаш се реагираше брзо, се превземаа соодветни мерки и се известија надлежните институции, Министерство за здравство, Клиниката за кожни болести, Инфективна клиника и др. Согласно протоколите по добиеното известување, докторот кој ги примил пациентите ги информира пациентите за добиените резултати. Потоа следи епидемиолошка анкета од страна на епидемиолози од Институтот за јавно здравје, велат од Институт за јавно здравје.

Реклама

Стручни лица епидемиолози од ИЈЗ се вратени на работа и пристапија кон епидемиолошко анкетирање на двете лица, како би се добиле податоци кои би биле исклучително важни за понатамошно постапување. Анкетата е се уште во тек. Ќе биде препорачано на позитивните пациенти да се јават на Инфективна клиника.

-Институтот за јавно здравје ќе продолжи да ја следи состојбата. Во моментов нема простор за паника, бидејќи брзо и навремено институционално, се превземаат сите потребни мерки. Вечерва се мобилизирани сите институционални капацитети за надминување на последиците од ваквата појава и се превземаат сите превентивни мерки. Во текот на утрешниот ден ќе следат подетални информации за јавноста, велат од ИЈЗ.