Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Викторија Трајков: Секое дете заслужува пристојни услови за образование

Заменик-министерката за европски прашања, доц.д-р Викторија Трајков денеска присуствуваше на меѓународната европска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерката за европски прашања, доц.д-р Викторија Трајков денеска присуствуваше на меѓународната европска конференција во државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.

Пред претставниците од европските земји, таа потенцираше дека целта на владините политики е овие деца полесно и побезболно да се интегрираат во системот и да ги реализираат нивните способности на најдобар можен начин.

„Треба да создадеме простор за да може потенцијалот на децата со посебни образовни потреби да дојде до целосен израз. Како Влада работиме посветено на создавање предуслови за развој на сите деца, промовирајќи го концептот на интегрирано образование. Го застапуваме принципот-еднакви можности за сите и еднаков пристап до образование за сите! Ги подобруваме законските решенија за сите степени на образование и со тоа создаваме основа за генерации чие знаење ќе се темели на квалитет, а не на квантитет” порача заменик-министерката Трајков.

Реклама

Таа се осврна на патот кон ЕУ и порача дека Македонија нема друга алтернатива, само со европските вредности земјата може да оди напред.

„Работиме на промоција и вградување на овие вредности во нашите политики во име на подобро утре за сите граѓани. И ако не создадеме услови за нивно доследно почитување, нема да успееме во нашата мисија за создавање на еднакво општество за сите” порача заменик-министерката Трајков.

На настанот, присуствуваа 40 експерти и претставници од повеќе европски земји, кои разменија продуктивни идеи како да се подобри процесот на образование во нашата земја.