Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Минчев: Поддршка за европската иднина, но не по цена на нашата историја, идентитет и јазик

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев, на прашање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев, на прашање од граѓаните на Македонски Брод, ја потенцираше јасната и принципиелна позиција на движењето во однос на прашањето за внесувањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија.

-Ние немаме ништо против ниту еден народ, вклучително и Бугарите. Не сме против нивното уставно спомнување, но бараме цврста гаранција дека тоа ќе биде последното барање од нашите соседи на патот кон Европската Унија,  рече тој.

Тој истакна дека протоколите кои претходната Влада ги потпиша со Бугарија содржат сериозни замки кои директно го допираат националното достоинство и историската вистина за македонскиот народ.

Реклама

-За нас е неприфатливо Гоце Делчев да биде прикажан како Бугарин. За нас е неприфатливо да се прифати дека македонскиот народ постои од 1945 година, и уште помалку да се нарекува бугарскиот фашистички окупатор администратор, додаде генералниот секретар на ЗНАМ.

Тој потсети дека Македонија веќе направила огромни отстапки на европскиот пат – со промена на името, знамето и уставни измени – и порача дека македонскиот народ нема да дозволи самопоништување и историски ревизионизам.

-Доста е! Ние сакаме европска иднина, но не по цена на нашата историја, идентитет и јазик,  заклучи тој.

Движењето ЗНАМ останува посветено на заштитата на националниот интерес, достоинството на македонскиот народ и на евроинтегративниот процес, кој мора да биде базиран на реципроцитет, заемно почитување и фер однос.