Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

На почетокот од јуни треба да стартува изградбата на новиот кружен тек на мостот „Табана“ во Прилеп

Најдоцна за 15-тина дена треба да биде затворен тендерот за избор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најдоцна за 15-тина дена треба да биде затворен тендерот за избор на најповолен понудувач за изградба на долгоочекуваниот Кружен тек на Мостот „Табана“ во Прилеп. Според последните информации од ЛС, во игра биле повеќе компании, но поради жалбената постапка на една од нив, а која следувала по неодамнешното прво отворање на понудите, рокот е пролонгиран до крајот на месецов.

   „На тендерот се пријавија неколку компании, пришто „Топ Билд ДОЕЛ експорт-импорт Скопје“ беше избрана како најповолна. Но, второрангираната „Гранит“, како незадоволна го обжали тој избор, по што рокот беше пролонгиран. Очекуваме, на почетокот од јуни договорот за изградба на Кружниот тек „Табана“ конечно да биде потпишан, по што градежните работи ќе започнат веднаш“, – информираат од Општина Прилеп.

    На реализацијата на овој нужно потребен капитален проект за градот, прилепчани чекаат една деценија. Тој беше изработен уште во времето на претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во далечната 2015 година, пришто преку Светската банка тогаш беа обезбедени 2 милиони евра под неверојатно поволни услови за Општината. Меѓутоа, по промената на централната и локаната власт во 2017/2018 година, овој проект, од неразбирливи причини остана да фаќа прашина во фиоките на тогашниот градоначлник од СДСМ и никогаш не ја виде белината на денот. Сега, тој проект е корегиран и преадптиран на новонастанатите услови и очекувањата на надлежните се дека прилепчани конечно ќе го добијат она што им е насушно потребно – модерно и безбедно сообраќајно решение на ова исклучително опасно и тесно „грло“.

Реклама

  „Овој проект е ревидиран наново, ажуриран е, односно направена е гео-сондажа се сите оние нови методи кои што се бараат за ревидирање на овој проект, и исполнети се условите. Значи, проектот не е лист хартија којшто лежел некаде, туку е наново преработен и обновен, и опфаќа повеќе детали што ги бараат сегашните услови за апликација“, – изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп. (16.09.2024 год.)

   Вредноста на овој капитален проект е околу 2 милиони и 100 илјади евра и ќе биде финасиран со пари од унгарскиот кредит, а за кој Општина Прилеп аплицираше уште на првиот владин повик, како за проект од врвен приоритет. Овој Кружен тек ќе биде петти по ред во Прилеп, со што значително ќе се растовари сега прегустиот сообраќај.