Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Одбележан Меѓународниот ден на семејството

Држава во која секое дете ќе расте во сигурна, грижлива и поттикнувачка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Држава во која секое дете ќе расте во сигурна, грижлива и поттикнувачка средина. Ова е визијата на Владата потенцирана на денот на семејството, а која се темели на вредностите на еднаквост, инклузија и достоинствен живот.

„Министерството активно спроведува низа значајни иницијативи со цел унапредување на заштитата на децата и поддршката на семејствата, меѓу кои: Имплементација на Европската детска гаранција, со акцент на еднаков пристап до основни услуги за најранливите деца, Промоција на позитивно родителство, преку обуки, ресурси и поддршка за родителите, Развој на систем за рана интервенција, насочен кон навремено препознавање и поддршка на деца со потешкотии во развојот“ изјави Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади.

Власта најави низа мерки и иницијативи со цел унапредување на заштитата на децата и поддршка на семејствата. Во моментов се работи на изработка на национален акциски план за унапредување на детските права. Отворање на нови центри за поддршка на згрижувачки семејства, а се работи и на реформи на системот за социјална помош со цел кориснците постепено да бидат вклучени во работен процес, со цел да се намали нивната зависност од државата поддршка.

Реклама

Меѓународниот ден на семејството е одреден од Обединетите Нации и се одбележува веќе 30 години. По тој повод меѓународната организација порача дека се потребни повеќе инвестиции во поддршка на семејствата за да се справиме со родовите нееднаквости, да се обезбеди здрав развој на децата, да се подобри благосостојбата на семејствата, да се поттикне економскиот раст и да се создадат поинклузивни и поотпорни општества.