Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

„Табу- време на страдање и страв“: Испраќани во затвор зошто биле Македонци во Бугарија

Во затвор зошто биле Македонци. Ова е само една од репресиите која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во затвор зошто биле Македонци. Ова е само една од репресиите која што ја трпеле нашинците во Бугарија во време на комунизмот, само затоа што кажувале дека се Македонци. Нивните сведовшта во книга „Табу- време на страв и страдање“ ги собра универзитетскиот професор Стојко Стојков. Авторот вели дека ова е многу значајно дело објавено во вистинско време.

-Страдале по една причина, а тоа е дека се Македонци и дека тоа не може да го сокријат како што треба, како што властите сакале и тоа е многу значајно, затоа што знаете во Бугарија се тврди дека такво малцинство нема, дека никогаш нимало прогонувани. Книгата содржи голем број спомени, документи, досиеја, значи една комплетна слика и мислам дека тоа е едно многу силно дело, кое доаѓа во правото време, изјави Стојков.

Пред камерата на Алфа, академик Ѓорги Поп Атанасов говореше за она кое што го преживувале Македонците таму. Тој бил уапсен на свои 16 години, а на 17 осуден на пет години затвор, со образложение дека сакале да одделат и сепарираат дел од бугарската нација и дел од бугарска територија да припојат кон друга држава, а причината била бидејќи гласно кажувале дека се Македонци. Им било забрането и образованието.

Реклама

-Нема Македонци, Георги Димитров погрешил, Македонците се Бугари итн. Ние стануваме таму, велиме како нема Македонци, еве јас сум Македонец, друг станува јас сум Македонец и потоа одевме ноќно време и по ѕидовите пишувавме дека македонско име нема да загине, ние сме Македонци, тука е Македонија. Не уапсија, не судеа, јас на 17 години ме осудија на пет години затвор, сум бил во софицскиот централен затвор, изјави Поп Атанасов.

Стојан Герасимов нашинец кој и денес живее во Бугарија, вели дека Македонците биле репресирани долг период, а состојбата не е подобра ниту сега.

-Репресираните Македонци од Бугарија се бележени, каде и да одат бегаат од нас, зошто сме биле против Бугарите. Денес состојбата е за мене полоша, зошто денеска те лажат, нема против да сте Македонци, ама да си молчите, значи да не кажуваме никаде дека сме Македонци, зошто ако кажуваме луѓето ќе кажуваат зошто се тие Македонци, зошто биле во затвор, што правеле, изјави Герасимов.

Инаку, Бугарија не сака да прифати дека постои македонско малцинство, а пред неколку години со судска одлука беше забрането и постоењето на македонскиот културен клуб Никола Вапцаров. За прекршување на правата на Македонците во Бугарија, бројни пресуди има донесено и судот во Стразбур, но официјална Софија не почитува ниту една од тие.

Матеја Петровски