Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Таравари си заминува, оставката е само процедура

Оставката се поднесува до премиерот, а Владата ја препаќа до Собранието. Таму…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оставката се поднесува до премиерот, а Владата ја препаќа до Собранието. Таму само треба да биде констатирана, нема потреба од никакво гласање. Првиот човек на законодавниот дом, Африм Гаши, ја објаснува постапката откако министерот за здравство Арбен Таравари и официјално одлучи да оди во опозиција.

  • „Според Деловникот како што е предвидено, го чекаме предлогот од премиерот за да се констатира оставката, а потоа пристапуваме кон постапка за избор на нов министер , ова е хипотетичка ситуација“рече Гаши.

Претседателот на Собранието не сака да коментира колку пратеници од крилото на Алијанса ќе го напуштат мнозинството, вели дека засега нема никаква официјална информација.

  • „Според моите информации, ќе има нова парламентарна група, како што знам пратениците од ВЛЕН имаат одлука за нов координатор, се надевам дека денеска или утре ќе биде официјално доставена до Собранието. Ќе биде доставена до сите пратеници на ВЛЕН, тие што ќе се потпишат ќе бидат дел од новата пратеничка група, тие што нема да се потпишат, тоа е нивно право“, појасни Гаши.

Владејачкото мнозинство во моментов официјално има 78 пратеници, а претставници од партиите на власт во повеќе наврати изјавија дека не само што нема да се намали туку е можно и да се зголеми.

Реклама

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари завчера одлучи да делува од опозиција и самостојно да настапи на претстојните локални избори.

Досегашниот министер за здравство најави дека тој самиот ќе поднесе оставка, а за останатите функционери рече дека очекува да бидат разрешени.