Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Кескинова откри алармантни податоци: 5% од вкупното население пријавило семејно насилство во нивниот дом, некомуницирањето најчеста причина за развод

420 млади лица на возраст од 18 до 25 години учствуваа во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

420 млади лица на возраст од 18 до 25 години учствуваа во новото истражување на Институтот за семејни студии. Примерокот е репрезентативен и релевантно ја прикажува сликата за ставовите на младите лица на оваа возраст.

Пред официјалното објавување на податоците од истражувањето, дел од резултатите обелодени раководителката на Институтот за семејни студии, Ангелка Кескинова во „За или против“ на ТВ Алфа со новинарот Љупчо Цветановски.

-Истражувањето ни е поделено на три значајни дела. Првиот дел е „Во каква семејство живеат младите лица денес, како го перцепираат семејството во однос на функционалноста“. Вториот дел е „Дали до сега имале некаков тип на семејна едукација, кој ја спровел“ и третото најважно за иднината „Која е перспективата на семејната едукација во нашата земја“, истакна Кескинова.

Реклама

Во однос на првата компонента, најголем дел од младите лица, се соочуваат со секојдневни проблеми.

-Тоа не би биле лоши проблеми доколку станува збор за функционално семејство кое има капацитет да ги решава тие проблеми, кои би имале добри комуникациски вештини, стратегии, граници. Тоа значи дека проблемите не се од голем обем ако станува збор за функционални семејства. Но вториот податок е дека скоро 80 % од овие семејства изјавиле дека имаат недостиг на комуникација во својот дом, што во суштина е значајно поле за работа на семејната едукација. Има едно прашање „Која, според вас, е најчестата причина за развод“? И одговорот е тоа – недостатокот на комуникација. Се поставува прашањето дали навистина младите лица се чувствуваат во овој момент во соодветно семејство? Дали постои момент дека треба да се работи на нивнитре семејства, дали можеби тие се плашат дека нивното семејство се наоѓа во некаква криза? Уште една значајна компонента е дека секој втор млад човек не се чувствува доволно поддржан од семејството. И дополнително, 20 од нашите испитаници или тоа е 5% од вкупното население, во рамките на истражувањето, пријавиле семејно насилство во нивниот дом, истакна професорката.

Една од целите на анализата била да се покаже сликата за тоа колку во формалното образование е застепена семејната едукација, за што Кескинова вели дека биле негативно изненадени.