Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Прилози

Jаневска: Затворени се 13 институти, а уште толку се под силен мониторинг

13 институти се затворени, а уште толку се под силен мониторин соопшти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

13 институти се затворени, а уште толку се под силен мониторин соопшти министерката за образоцвание и наука Весна Јаневска. Нејзиниот тим продолжува со проверка на работата на високообразовните институции. Министерката најави и длабоки реформи во високото образование. Јавна тајна е дека со години наназад студенти се стекнуваат со дипломи без реално знаење, односно, на некој начин се купуваат. Според министерката ваквата пракса е тешко да се докаже, бидејќи, како што вели, и двете страни — и студентите и институциите — се соучесници во криминално дело.

„Јавна тајна е дека луѓето отворено зборуваат кога се наоѓаат во приватен круг на личности, дека се стекнале со такви дипломи, но како што кажав, тешко се докажува затоа што и едната и другата страна е учесник. Двете страни треба да одговараат тоа криминално дело. Но, бидејќи имаме инструменти со кои можеме да го провериме квалитетот на образованието, ние тоа активно го правиме“, изјави Весна Јаневска министерка за образование.

Целта на Министерството е јасна – обезбедување квалитетно и реално образование, спротивно од досегашната практика каде се стекнуваа дипломи без покритие. Јаневска најави измени на законите за високо образование, иновации и научна дејност, со цел создавање систем кој ќе ги задржи квалитетните кадри во државата.

Реклама

„За да можеме да го затвориме процесот, мора да направиме измени во законот за високо образование, закон за Акво (Агенција за квалитет на високо образование), закон за научно-истражувачка дејност, и за иновации. Она што законот ни го дозволува законот за наука, тоа го спроведуваме. Можеме легално да затвораме институти и затворивме 13 институции, а уште 13 се под силен мониторинг. Ќе видиме колку од нив ќе бидат затворени. Затворивме една медицинска струка, сега ќе затвориме и втора“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование.  

Јаневска посочи дека одреден број на институти самите поднеле барање за затворање откако почнале проверките, затоа што биле свесни дека не ги исполнуваат условите. Минатата година, поради неисполнување на законските услови и недостаток на истражувачки активности, меѓу затворените се и Институтот за бизнис-економија и Институтот за геобиологија. Мониторингот го вршат Државниот просветен инспекторат и Агенцијата за квалитет во високото образование, кои во последните десет месеци имаат направено 2000 надзори.