Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Клучот за подобра грижа за граѓаните е во децентрализација на социјалните услуги

Денеска, во просториите на ЗЕЛС се одржа значаен состанок посветен на разгледување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, во просториите на ЗЕЛС се одржа значаен состанок посветен на разгледување на можностите за децентрализација на социјалните услуги.

На состанокот, покрај претседателот Орце Ѓорѓиевски, присуствуваа и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, кој воедно е и претседател на Комисијата за социјални прашања при ЗЕЛС, како и други градоначалници и претставници на локалната самоуправа. На состанокот се дискутираше за иницијативата Центрите за социјална работа да преминат под надлежност на локалната самоуправа. Овој чекор се гледа како клучен во насока на подобрување на пристапот и квалитетот на социјалните услуги, како и за зајакнување на координацијата меѓу локалните и централните институции.

Со пренесувањето на надлежноста, општините би добиле поголема улога во управувањето со центрите за социјална работа, кои и понатаму би функционирале во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Ова би овозможило поконкретен и поефикасен пристап во грижата за граѓаните, особено за ранливите категории.

Реклама

-Секако дека треба да се одбере модел кој е проверен и базиран врз регионалното искуство. Децентрализацијата на социјалните услуги значи поголема достапност за граѓаните, побрза реакција на институциите и креирање функционален систем кој ќе одговара на реалните потреби на локалното население. Локалната самоуправа е најблиску до граѓаните – затоа таа треба да има клучна улога во грижата за нив- изјави претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.