Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Австралија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот, вонреден и ополномоштен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот, вонреден и ополномоштен амбасадор на Комонвелтот Австралија, со седиште во Белград, Питер Џорџ Трасвел.

Истакнувајќи дека македонската дијаспора, како една од најголемите, е високо ценет сегмент на австралиското семејство, амбасадорот посочи дека Македонците во Австралија се жив мост меѓу двете земји. Во иднина, рече тој, дека ќе работи на зацврстување на економските односи, како и на инвестициските потфати.

Бројната македонска дијаспора во Австралија, која е успешно интегрирана и активно учествува во австралиското мултикултурно општество, се согласи претседателката, е сржта на силната австралиско-македонска поврзаност. Според неа, австралиската економија нуди огромни можности за партнерство во информатичката технологија, обновливите извори на енергија и инфраструктурниот развој, а нашата држава има одлична стратешка локација на Балканот, квалификувана работна сила и поволна деловна клима за австралиските инвеститори и компании.

Реклама

Сиљановска-Давкова препознава можности за соработка и на мултилатерален план, особено во рамките на Обединетите нации и другите меѓународни форуми, каде заеднички двете земји можат да придонесат за решавање на глобалните предизвици: климатските промени, одржливиот развој и борбата против тероризмот.

Зборувајќи за долгиот трнлив пат на македонската евроинтеграција, претседателката го информираше амбасадорот за сите пречки со кои се соочуваше и сé уште се соочува државата. Амбасадорот искажа безрезервна поддршка за нашите евро аспирации иако Австралија не е членка на ЕУ.

Претседателката изрази особено задоволство од повторното формирање на пратеничката група за соработка (Група за пријателство во парламентот на Австралија за соработка со пратениците од македонското Собрание). За неа, отворањето на резидентна амбасада на Австралија во Скопје ќе придонесе за зајакнување на австралиската активност во државата, но и во регионот.

Посакувајќи му на амбасадорот успешен мандат, таа рече дека со задоволство би ја посетила Австралија и нашинците коишто живеат таму.